Директорот на „Ербас“ ги предупреди вработените за новите геополитички ризици и трговските тензии

Директорот на француската авиокомпанија „Ербас“, Гијом Фори, денес ги предупреди вработените дека европскиот производител на авиони мора да се прилагоди на новите геополитички ризици, откако компанијата претрпе „значителни“ логистички и финансиски штети минатата година поради американскиот протекционизам и трговските тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.

Во интерно писмо до вработените, кое го виде „Ројтерс“, Фори рече дека почетокот на 2026 година е обележан со бројни „невидени кризи“ и загрижувачки геополитички промени, додека во исто време ја нагласи потребата од солидарност и поголема автономија на компанијата.

Според него, индустриската средина во која работи „Ербас“ е дополнително оптоварена од заострувањето на односите меѓу Вашингтон и Пекинг.