
Најновите случувања на светските берзи потврдуваат дека побарувачката за злато не се намалува, а некои аналитичари предвидуваат дека цената би можела да достигне рекордни 5.500 долари за унца оваа година.
Цената на златото деновиве сруши рекорди на 4.800 долари за унца, а инвеститорите бараат безбедно засолниште во услови на растечки геополитички тензии, трговски спорови и пад на реалните каматни стапки.
„Влегуваме во фаза во која златото ја потврдува својата улога како клучен фактор што го зачувува капиталот. Овој раст не е резултат на краткорочни шпекулации, туку комбинација од долгорочни фактори – геополитика, монетарна политика и промени во структурата на побарувачката“, вели Душан Гајиќ од компанија специјализирана за трговија и инвестиции во скапоцени метали.
Значителен дел од глобалната побарувачка, според него, доаѓа од земји како Кина, Полска, Казахстан и Бразил, додека дел од купувањата на централните банки не се видливи во официјалната статистика.
Цената на златото се зголеми за речиси 70 проценти во текот на претходната година.











