Јосифовски купи акции: Уделот на првиот човек на Макпетрол порасна на 3,51%

Претседателот на Управниот одбор, Андреја Јосифовски, го зголеми својот сопственички удел во компанијата.

Според официјалниот образец објавен на Македонска берза од компанијата, Јосифовски купил вкупно 124 обични акции.

  • На 30.01.2026 година биле купени 6 акции.

  • На 03.02.2026 година се купени 118 акции.

По последната реализирана набавка, вкупниот сопственички удел на првиот човек на Управниот одбор сега изнесува 3,51%.

Ваквите купопродажби на акции од страна на членови на управни и надзорни одбори се толкуваат како сигнал за довербата на менаџментот во идните перспективи на компанијата.