Доларот зајакна, цените на нафтата нагло паднаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми бидејќи, поради неизвесноста на пазарите на капитал, инвеститорите бараат побезбедни засолништа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 97,77 поени, додека вчера во ова време беше 97,35 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 156,30 на 156,85 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1790 долари, додека вчера во ова време беше 1,1835 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, нагло паднаа, губејќи речиси сите вчерашни добивки, бидејќи тензиите меѓу САД и Иран малку се намалија.

На лондонскиот пазар цената на барелот утрово потона за 2,17 проценти, на 67,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,16 проценти, на 63,75 долари.