
Бразил се подготвува за рекордна жетва на кафе во 2026 година, а според официјалните прогнози на националната агенција Конаб, се очекува производство на неверојатни 66,2 милиони вреќи зрна кафе од 60 килограми, што нема да ја намали цената на оваа суровина на светските пазари.
Доколку се остварат предвидувањата, овој резултат би претставувал зголемување од дури 17,1 процент во споредба со претходната година и би го надминал претходниот рекорд од 2020 година, кога беа произведени 63,1 милиони вреќи, објавува Ројтерс.
Главен двигател на овој раст е производството на кафе Арабика, за кое се предвидува дека ќе скокне за повеќе од 20 проценти и ќе достигне 44,1 милион вреќи.











