Германската индустрија забележа најголем раст на нарачките во последните две години

Германската индустрија забележа изненадувачки силен раст на новите нарачки во декември, највисок во последните две години, според податоците објавени  од Федералниот завод за статистика на Германија (Дестатис).

Вкупно, има зголемување на нарачките од 7,8 проценти во споредба со ноември, што е далеку над очекувањата на економистите кои предвидоа пад од 2,2 проценти.

Експертите се надеваат дека резултатите претставуваат почеток на нов позитивен тренд по повеќегодишната криза во индустријата, објавува „Виршафтсвое“.