Пропадна „зделката на векот“: Рио Тинто се откажа од спојувањето со Гленкор

Компанијата Рио Тинто  објави дека, по неколкумесечни преговори, се откажала од спојувањето на британската рударска компанија Гленкор.

Со ова се елиминирала можноста за создавање на најголемата рударска компанија во светот со пазарна вредност од повеќе од 200 милијарди долари, објави Ројтерс.

Рио Тинто соопшти дека двете компании со седиште во Велика Британија не биле во можност да постигнат договор што би им донел доволна вредност на акционерите.