Последното Фолксваген комби се симна од производната лента во Бразил на 20 декември, по 56 години години и 1,5 милиони возила, пишува Дочје Веле. Ова комби, кое доби култен статус, до пред некој ден се произведуваше единствено во Бразил, во Сао Паоло.
Одлуката за запирање на производството на моделот Т2 доаѓа поради стапувањето на сила на новите безбедносни стандарди од 1 јануари 2014 година во оваа земја, која веќе со години не ги исполнува најстрогите норми што се на сила во Европа, САД и Азија.