
Во декември, Индија значително го намали увозот на руска сурова нафта, кој падна на најниско ниво во последните 38 месеци.
Увозот од Русија вредел 2,7 милијарди долари, а руската нафта сочинувала помалку од една четвртина од вкупниот увоз на Индија, во споредба со 34 проценти во ноември, објави весникот „Хинду“.
На месечна основа, увозот од Русија бил за 27,1 процент помал отколку во ноември, додека во споредба со декември 2024 година, е забележан пад од 15 проценти.











