По одложување, Чери ќе започне со производство на автомобили во Шпанија оваа година

Кинескиот производител на автомобили „Чери“ ќе започне со производство на возила во Шпанија оваа година, по повеќекратните одложувања на отворањето на својот прв погон во Европа.

Ова го изјави висок менаџер на кинеска компанија, кој нагласи дека производството ќе започне што е можно поскоро, објави „Ројтерс“.

Одложувањето се должи на комерцијални причини, меѓу кои и царините на Европската Унија за електрични возила (ЕВ) произведени во Кина.