Годишната инфлација во Словенија се намали на 2,6 проценти во јануари

Годишната инфлација во Словенија малку се намали во јануари од декемвриските 2,7 на 2,6 проценти во јануари, бидејќи растот на цените беше ублажен од зимските распродажби, објави  Заводот за статистика на Република Словенија.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за 4,2 проценти на годишно ниво, во образованието за 3,9 проценти, кога станува збор за услугите во рестораните и хотелите за 2,3 проценти, а во категоријата разни производи и услуги за 1,3 проценти, што во сите споменати случаи претставува забавување во споредба со декември.

Спротивно на тоа, инфлацијата во Словенија дополнително се зголеми за алкохолните пијалоци и тутунот за 5,5 проценти на годишно ниво, облеката и обувките за 2,6 проценти и станбените и комуналните услуги за 4,6 проценти.