Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 96,66 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,79 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,25 на 153,80 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1915 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1905 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,49 проценти, на 69,15 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,58 проценти, на 64,35 долари.