
Руската нафтена компанија Газпромнефт откри ново поле со проценети резерви од 55 милиони тони нафта во арктичката зона на Јамало-Ненецкиот автономен округ (ЈНАО).
Како што објави компанијата, ова е најголемото откритие во последните 30 години.
Локацијата е пронајдена во областа на блоковите Јужно-Новопортовско и Салетино во регионот Јамал. Новото поле е именувано по рускиот научник и геолог Алексеј Конторович.
Компанијата планира дополнителни истражувања со цел попрецизно да се утврди обемот на резервите и, врз основа на овие податоци, да се создаде програма за развој и експлоатација на нови наоѓалишта, пишува Комерсант.
Во блиска иднина се планираат дополнителни истражувања со цел попрецизно да се утврди геолошката структура и производствениот потенцијал на локацијата. Врз основа на овие податоци, ќе се изготви програма за развој на нови наоѓалишта.
Извршниот директор на Газпромнефт, Александар Ѓуков, изјави дека ова откритие потврдува дека руската ресурсна база сè уште не е целосно истражена. Тој додаде дека новото наоѓалиште ќе придонесе за постигнување на целите на руската енергетска стратегија до 2050 година.










