Халк Банка со потврден менаџерски тим:Продолжен мандатот на тројца членови на Управниот одбор

Халк Банка АД Скопје преку Македонска берза извести дека тројца досегашни членови на менаџерскиот тим ќе продолжат да ги извршуваат своите функции како извршен директор и член на Управниот одбор на банката.

Станува збор за реименување на  Беркан Имери, Александар Иљов и  Мухаммед Хаџи-Пази. Според официјалното известување од банката, реименувањето стапи на сила на 3 февруари 2026 година, а промените се веќе евидентирани во Централниот регистар на 6 февруари.

Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна
Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази.

Беркан Имери,  Александар Иљов и  Мухаммед Хаџи – Пази ќе
продолжат да ја извршуваат функцијата – Извршен Директор, Член на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје.