
Финска го отвори првиот рудник за литиум во Европа и фабрика за преработка што може да се користи за батерии, со што Европа за прв пат добива свој комплетен синџир на снабдување со суровина и ја намалува нејзината зависност од увоз од Кина.
Рударската компанија „Келибер“ започна со експлоатација во Каустинен на западот од земјата, додека преработката се одвива во областа Кокола, а се очекува проектот да создаде околу 350 работни места, објавува финскиот портал Yle.
Првите количини руда беа ископани во површинскиот рудник Сивејерви, во студени зимски услови, што симболично го означи почетокот на долгорочниот проект.













