Цената на златото порасна за два проценти по најавата на Трамп за дополнителни глобални царини

Цената на златото  се зголеми за два проценти, на околу 5.210 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни глобални тарифи од 15 проценти.

Влијанието на трговскиот протекционизам и зголемениот геополитички ризик го поттикнаа интересот на инвеститорите за безбедни засолништа, објави „Трејдинг економикс“.

Растот на вредноста на благородниот метал се забрза откако Трамп одлучи да воведе глобална дополнителна тарифа од 15 проценти, реакција на неодамнешната одлука на Врховниот суд за реципрочни тарифи.