
Прашањето дали ќе се зголеми минималната плата и за колку сè уште е во фокусот на јавноста. Последниве месеци работодавачите излегоа со најразлични пресметки за тоа за колку може да се зголеми минималецот, а тоа сепак да не се одрази на рентабилното работење на компаниите. Бројките се движеа од 28.500 до 30 илјади денари. Но, според синдикатите овие суми се несериозни и недоволни да ги покријат месечните трошоци на едно семејство.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, согласно Законот за минимална плата таа во март ќе се зголеми за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари.
-Се надеваме на поголем износ од законското усогласување со кое минималната плата би се зголемила на 26.046 денари. Оваа плата е недоволна имајќи во предвид дека само за еден месец минималната синдикална кошница порасна за 969 денари, за два месеци повеќе од годишното усогласување на минималецот. Поради тоа секој друг предлог за зголемување на минималецот кој е помал од 600 евра е несериозен и неможе да ги покрие месечните трошоци на едно семејство, изјави за „Локално“, Иван Пешевски потпретседател на ССМ.
Целиот текст на Локално.мк











