„Парамаунт“ официјално ја зголеми понудата за преземање на „Ворнер Брос“

„Парамаунт Глобал“ официјално ја зголеми својата понуда за „Ворнер Брос Дискавери“, на 31 долар по акција, по што менаџментот на „ВБД“ објави продолжување на рокот за преговори.

Покрај повисоката цена по акција, „Парамаунт“ дополнително ја подобри понудата на неколку други начини, вклучително и обврската да плати „надомест за раскинување од седум милијарди долари“ на „ВБД“.

Разговорите со Парамаунт ќе продолжат, иако Ворнер Брос Дискавери инсистира дека договорот за спојување со Netflix „останува на сила“.

Аналитичарите, пишува CNN, веруваат дека Netflix ќе ја изедначи конкурентската понуда.

За потсетување, Парамаунт досега понуди 30 долари по акција, што Ворнер Брос Дискавери го отфрли како „послаба понуда“ во однос на договорот на компанијата за продажба на студиски и стриминг средства на Netflix.

Потоа тие директно им се обратија на акционерите на Ворнер Брос Дискавери во она што вообичаено се нарекува непријателска понуда.

Минатата недела, Нетфликс му одобри на Ворнер седумдневно ослободување од преговори со Парамаунт, нарекувајќи го нивниот притисок „тековно нарушување“ на целата индустрија за забава.

Целта, од перспектива на Ворнер Брос Дискавери, беше да се дознае „најдобрата и конечна“ понуда од Парамаунт, за акционерите да имаат појасна слика за ситуацијата.