
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје се намалени за 0.4 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Како што соопшти ДЗС, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје се намалени за 0.4 %, трошоците за материјали за 1.0 %, додека трошоците за вработените се зголемени за 1.0 %.
Во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 0.5 %, трошоците за материјали се намалени за 1.1 %, а трошоците за вработените се зголемени за 0.8 %.
Во четвртото тримесечје од 2025 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за:
- 0.4 % во однос на претходното тримесечје
- 0.5% во однос на истото тримесечје од претходната година











