Денеска започнува исплатата на пензии за февруари преку Комерцијална банка

Комерцијална банка информира дека исплатата на пензиите за месец февруари  започнува денеска -петок, 27 февруари.

Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.