Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за  7.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.5 %.

Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 9.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.2  %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година се зголемени за:

  • 0.5 % во однос на претходниот месец
  • 4.5 % во однос на истиот месец од претходната година