
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи информираше дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Како што информира, имало обид за усогласување на минималната плата без вистинско зголемување.
Според Трендафилов, станувало збор за усогласување од околу 1.600 денари, во процес во кој ССМ, како што истакнува, нема мандат да учествува.
„Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март“, стои во објавата на Трендафилов.











