
Годишната инфлација во Турција, според прелиминарните податоци, се зголеми од јануарските 30,65 проценти на 31,53 проценти, така што сега е на највисоко ниво за последните четири месеци, објави денес Турскиот статистички институт (Туркстат).
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемија за 36,44 проценти на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 36,54 проценти, во здравството за 29,26 проценти, во ИКТ секторот за 22,41 процент, а во секторот за рекреација и култура за 27,24 проценти, што во сите споменати случаи претставува забрзување на растот во споредба со јануари.
Спротивно на тоа, цените на домувањето, транспортот, облеката и обувките, мебелот и опремата за домаќинството, како и услугите во кафулињата и рестораните пораснаа побавно отколку во јануари.











