
Американската банка Морган Стенли отпушти околу три проценти од својата работна сила, или околу 2.500 вработени во сите оддели.
Кратењата на работни места во Морган Стенли се случија во трите главни оддели на банката – инвестициско банкарство и тргување, управување со богатство и управување со инвестиции – но не влијаеја на нејзините финансиски советници, објави Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со ова прашање.
„Морган Стенли“ е една од најголемите инвестициски банки во светот со приближно 83.000 вработени и операции во повеќе од 40 земји.
Во 2025 година, банката оствари приходи од околу 70 милијарди долари и нето добивка од речиси 17 милијарди долари.
Во последните години, банката силно го прошири секторот за управување со богатство, меѓу другото со купување на американскиот брокер Itrade (E*TRADE) во 2020 година за околу 13 милијарди долари.
Ова значително го зголеми бројот на клиенти меѓу малите инвеститори и ги зајакна постабилните извори на приход надвор од класичното инвестициско банкарство.
Еден од најголемите индивидуални акционери на банката е јапонската финансиска групација „Мицубиши“, која стана клучен инвеститор по финансиската криза во 2008 година, кога купи значаен удел во американската банка.











