
Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 13.1 %
Прометот со храна и пијалаци порасна за цели 13%
Според податоците на Држвниот завод за статистика во трговијата на мало во јануари 2026 година, во споредба со јануари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 19.3 %, а реално за 13.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.6 %, а реално опаѓа за 0.5 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 6.4 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 16.3 %, а номинално за 6.6 %.
Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 19.3 %, а реално за 13.1 %
- Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 6.4 %











