Фолксваген размислува за производство на воени возила, два прототипови се развиени во тајност

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ размислува за производство на воени возила во својата фабрика во Оснабрик, а два прототипови на воени возила базирани на моделите „Фолксваген Амарок“ и „Крафтер“ веќе се развиени во строга тајност.

„Фолксваген“ го потврди развојот на прототипови, но не даде детали за идните планови, објавува „Виршафтсвое“.

Според информациите од весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, прототиповите на воените возила MV.1 и MV.2 се создадени интерно во фабриката и сè уште се експериментални објекти, пренесе Танјуг.