АХВ под лупа ги става месните производи од Србија, Косово и Црна Гора

Агенцијата за храна и ветеринарство информира во наредниот период ќе изврши интензивирање на контроли на месни производи по потекло од одредени ЦЕФТА земји (Србија, Косово, Црна Гора) во насока на испитување зголемено присуство на адитиви во храната односно фосфати, сорбати и бензоати.

Засилените контроли ќе се воспостават во период од 1 март до 1 април 2026 година, а со можност за скратување односно продолжување на рокот во зависност од добиените резултати.