Слаби индустриски резултати: Пад од 6,6% на почетокот на 2026 година

 Според податоците на Државниот завод  за статистика, Индустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6.6 % во однос на јануари 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари
2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Капитални производи за 5.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.5 %.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: 

•    Производство на електрична опрема со 4.0 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 16.0 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 3.1 %