
На европските берзи, цените на акциите силно пораснаа во вторник наутро, по вчерашниот остар пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од растот на Волстрит и падот на цените на нафтата далеку под нивото од 100 долари за барел.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1,7 проценти во 9:30 часот наутро, откако вчера падна на најниското ниво за повеќе од два месеци.
Утрово, лондонскиот индекс FTSE порасна за 1,43 проценти, на 10.395 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 2,08 проценти, на 23.895 поени, а парискиот CAC порасна за 1,62 проценти, на 8.045 поени.











