Ново стекнување акции во Реплек: Уделот на Владимир Пецовски порасна на 6,39%

Фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“, преку Македонска берза, ја информираше јавноста за промена во сопственичката структура кај акционерите со значителни удели.

Kомпанијата објави дека акционерот Владимир Пецовски, кој поседува над 5% од вкупниот број акции, се стекнал со 9 нови акции. Со оваа најнова трансакција, тој сега поседува вкупно 16.570 акции, што претставува удел од 6,39% од вкупниот број акции на „Реплек АД Скопје“.