Бургум: Производството на нафта во САД се зголемува поради зголемувањето на цените на нафтата

Американскиот министер за внатрешни работи, Даг Бургум, изјави дека американските нафтени компании наскоро ќе објават дека го зголемуваат производството поради порастот на цените на нафтата и другите енергенси за време на конфликтот со Иран.

„Мислам дека ќе видите сите како објавуваат дека го зголемиле производството овде во Соединетите Држави како одговор на движењето на цените и потребите што ги имаме во моментов“, рече Бургум во интервју за CNBC, според Ројтерс.

Инаку вчера Меѓународната агенција за енергија (IEA) одлучи да пушти на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од резервите со цел да се намалат последиците од глобалните прекини во снабдувањето со енергија поради војната на Блискиот Исток.