САД привремено дозволија продажба на руска нафта која веќе е во транзит

Соединетите Американски Држави издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и нафтени производи кои се натоварени на бродови до 11 април, беше објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави за мрежата X дека мерката има за цел зачувување на стабилноста на глобалниот енергетски пазар и одржување на пониски цени на енергијата во време на зголемена нестабилност.

Според него, привременото овластување им овозможува на земјите да купуваат руска нафта која веќе е во транзит и моментално е на море, со цел да се зголеми достапноста на постојната понуда на светскиот пазар.