Американската економија нагло забави: Растот во последниот квартал само 0,7 отсто

Американската економија забележа побавен раст во последниот квартал од 2025 година од претходно проценетиот, за само 0,7 проценти, што е значително помалку од претходната проценка од 1,4 проценти, но и под очекувањата на економистите кои прогнозираа раст од околу 1,5 проценти, објави  Канцеларијата за економски анализи (BEA).

Економијата на Соединетите Американски Држави нагло забави во споредба со растот од 4,4 проценти забележан во третиот квартал од 2025 година, објавува CNBC.

На ниво на цела година, американскиот БДП порасна за 2,1 процент во 2025 година, што е малку пониско од претходната проценка и побавно отколку во 2024 година, кога растот изнесуваше 2,8 проценти.