Фатих Бирол: Одлуката на ИЕА да ослободи резерви на нафта ги смири пазарите, сè уште имаме залихи

Одлуката на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од резервите ги смири пазарите, а агенцијата има на располагање повеќе залихи на енергија што може да ги пушти во оптек доколку е потребно, изјави  директорот на таа организација, Фатих Бирол.

Според неговите податоци, дел од нафтата од резервите во Азија и Океанија веќе пристигнува на пазарот, додека залихите од Европа и Америка ќе пристигнат подоцна во март, објавува Блумберг.

Цените на нафтата малку паднаа вчера откако неколку танкери за енергија успешно поминаа низ Ормутскиот теснец, зголемувајќи ги надежите на трговците дека другите танкери ќе можат да ја користат оваа клучна транспортна рута на Блискиот Исток, кој е разорен од војна.