
Годишната инфлација во Австрија за февруари се зголеми од два процента во јануари на 2,2 проценти, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Австрискиот завод за статистика.
Главен двигател на инфлацијата сè уште се услугите, предводени од угостителството и сместувањето, каде што цените се зголемија за 5,1 процент на годишно ниво.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Австрија се зголемија за 2,4 проценти на годишно ниво, што е малку над вкупната стапка, поради остриот годишен раст на цените на кафето и цената на тутунот за дури 8,8 проценти.











