
Тесла планира да купи опрема во вредност од 2,9 милијарди долари (2,5 милијарди евра) за производство на соларни панели и ќелии од кинески добавувачи.
„Сужоу Максвел Технолоџис“, најголемиот светски производител на опрема за ситопечат што се користи за производство на соларни ќелии, е меѓу добавувачите, според извори запознаени со ситуацијата, објави CNBC.
Гореспоменатата набавка е дел од плановите на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, за проширување на соларните капацитети во Соединетите Држави за 100 гигавати. Во јануари, тој рече дека сончевата енергија би можела да ги задоволи сите потреби за електрична енергија на Америка, вклучително и растечката побарувачка за повеќе центри за податоци. Според веб-страницата на „Тесла“, целта на компанијата е да распореди 100 гигавати „ соларна опрема на американска почва пред крајот на 2028 година“.
„Сужоу Максвел Технолоџис“ е меѓу водечките кандидати за снабдување со машини за гореспоменатите проекти на „Тесла“ и бара одобрение за извоз од кинеското Министерство за трговија, велат изворите. Тие додаваат дека други потенцијални добавувачи се „Шенжен С.Ц. Њу Енерџи Технолоџи“ и „Лаплас Ринејвлејв Енерџи Технолоџи“.











