Нови измени во АЛТА банка АД Битола: Зарије Коралија е нов член на Управниот одбор

АЛТА банка АД Битола ја информираше јавноста за нови измени во органите на управување, согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза.

По добиената согласност и решение од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија  донесено на 19 март 2026 година, Зарије Коралија е официјално именуван за член на Управниот одбор на банката. Неговиот мандат ќе трае една година.

Поради комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, м-р Борислав Атанасовски не е повеќе вршител на должност – член на Управен одбор на АЛТА банка АД Битола.