Македонците трошат повеќе на храна: Прометот во трговијата на мало со храна и пијалаци скокна за 11,1%

Според податоците на Државниот завод за сттистика во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %

Во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за 11.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3.4 %, а реално е зголемена за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8.5 %, а номинално за 0.3 %.

Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за
    11.1 %
  • Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 %