Цените на нафтата во благ пад по бурните осцилации

По големите осцилации во претходните денови, цените на нафтата утрово паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот падна на 112,7 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали  на 102,3 долари.

Во текот на март, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 55 проценти.

Доларот зајакна за 2,8 проценти во март

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, па затоа е на пат кон добивка од околу 2,8 проценти во март.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 100,45 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,09 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,75 на 159,65 јени.

Сепак, американската валута зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1470 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1515 долари.