Како се промени сточниот фонд во Македонија изминатата година?

Во 2025 година во однос на 2024 година, бројот на овците е намален за 9.2 %, а за 18.5 % е зголемен бројот на свињите,  објави Државниот завод за статистика.

Во 2025 година, во споредба со 2024 година, вкупниот број говеда е намален за 0.9 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства.

Бројот на свињите во 2025 година, во споредба со 2024 година, е зголемен за 18.5 %. Кај индивидуалните земјоделски стопанства е забележано зголемување од 35.4 %.

Вкупниот број овци во 2025 година бележи пад од 9.2 %.

Во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 3.2 %.

Бројот на живината во 2025 година, во споредба со претходната година, е намален за 10.6 %.

Добиток во 2025 година

  • Говеда: 142 715
  • Свињи: 212 842
  • Овци: 469 320
  • Кози: 101 007