Колку млеко се произведе во Македонија?

Во 2025 година, во однос на 2024 година, е забележано поголемо производство на кравјо и овчо млеко, додека производство на козјо млеко бележи намалување, соопшти Државниот завод за статистика.

Производството на кравјо млеко во 2025 година изнесува 289 887 илјади литри, што е за 2.7 % повеќе во однос на 2024 година.

Зголемување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 4.0 % во
2025 година во однос на претходната година.

Производството на козјо млеко е намалено за 1.4 % споредено со претходната година.

Во 2025, во однос на 2024 година, забележано е зголемено производство на јајца.

Произведено млеко во 2025 година, во илјади литри
  • Кравјо млеко: 289 887
  • Овчо млеко: 26 734
  • Козјо млеко: 13 966