
Глобалните инвестиции во стартап компании во првиот квартал од 2026 година достигнаа рекордни 297 милијарди долари, според податоците од базата на податоци Crunchbase.
Овој износ е 2,5 пати поголем од 118-те милијарди долари собрани во последниот квартал од 2025 година, се додава во извештајот објавен од TechCrunch.
Екстремниот раст на финансирањето е резултат на само четири огромни инвестиции, од кои секоја постави рекорд во одредена категорија.











