
Годишната инфлација во Турција се забави на 30,87 проценти во март, од 31,53 проценти во февруари, што е најниско ниво во последните четири години, покажаа официјалните податоци.
Оваа бројка претставува најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од декември 2021 година, кога инфлацијата, според Турскиот статистички институт (ТуркСтат), изнесуваше 36,08 проценти, пренесува Бета.
На годишно ниво, најголемо зголемување на цените е забележано во образованието (51,97 проценти), домувањето (42,06 проценти) и транспортот (34,35 проценти), објави турскиот гувернер Фатих Карахан.
Најмали зголемувања се забележани кај облеката и обувките (7,2 проценти), мебелот и опремата за домаќинството (20,2 проценти) и информациите и комуникациите (24,12 проценти).
ТуркСтат наведува дека главните групи на трошоци со најголем удел се храната и безалкохолните пијалоци, транспортот и домувањето. Годишната инфлација во овие категории изнесувала 32,36 проценти, 34,35 проценти и 42,06 проценти, соодветно.











