Издадени 244 одобренија за градење во февруари: Високоградбата доминира, Полошкиот Регион на прво место

Бројот на одобренијата за градење во февруари 2026 година е намален за 10.3 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2026 година се издадени 244 одобренија за градење, што е за 10.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  14 476 578 илјади денари, што е за 195.4 повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на ветерен парк за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 132 MW на територија на Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Карбинци.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 173 (70.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 25 (10.2 %) за објекти од нискоградба и 46 (18.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно  244 објекти, на 174 (71.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (28.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 309 станови со вкупна корисна површина од  36 919 м2.

Во  февруари 2026 година: 

  • Најмногу одобренија за градење, 173, се издадени за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 84
  •  За изградба се предвидени 309 станови