
Белградската „Алта банка“ АД стана сопственик на 95,15% од вкупниот број обични акции во „Алта банка“ АД Битола, соопштија денеска преку Македонската берза.
Според официјалното известување поднесено согласно Правилата за котација, српската банка се стекна со дополнителни 9 обични акции, со што нејзиното вкупно портфолио во битолската банка сега изнесува 372.037 акции.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:
Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД се стекна со дополнителни 9 обични акции и сега поседува вкупно 372.037 обични акции односно 95,1557 % од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола“.












