ММФ ги намали прогнозите за економскиот раст на еврозоната на 1,1 процент во 2026 година и 1,2 проценти во 2027 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)ја намали прогнозата за економскиот раст на еврозоната на 1,1 процент во 2026 година, што е за 0,2 проценти помалку во споредба со извештајот од јануари, а во исто време прогнозира мало забрзување на 1,2 проценти во 2027 година, што е исто така за 0,2 проценти помалку од претходната проценка.

Според оваа прогноза, за Германија се очекува економски раст од 0,8 проценти во 2026 година и 1,2 проценти во 2027 година, во двата случаи за 0,3 проценти помалку отколку во претходната проекција.

Франција, втората најголема економија во Еврозоната, ќе забележи економски раст од 0,9 проценти во обете години, при што прогнозата за оваа година е намалена за 0,1 процент, а за следната за 0,3 проценти.