Трендот на поскапување продолжува: Кошницата во април потешка за речиси илјада денари во споредба со март

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април 2026 година изнесува 68. 797 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесуваше 67.818 денари е зголемена за 979 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 84.172 денари. Најмногу пари и натаму се потребни за храна. Ова е најновата пресметка на Сојузот на синдикати на Македонија која вели дека за четири месеци или од почетокот на годинава живеачката е поскапа за 3.305 денари.

За храна и пијалаци потребни се 26.085 денари, по што следуваат Образование, 7.000, денари, Станарина, вода, електрична енергија и греење, 6.338 денари,  Облека и обувки, 6.129 денари, Рекреација и култура, 5.592, Транспорт, 4.961, Ресторани и хотели, 4.131, Лична хигиена и одржување на хигиена во домот, 2.667 денари, Комуникации 3.417, Здравје, 1.185 денари.