
Утрово цените на нафтата паднаа, откако вчера пораснаа за повеќе од 5 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент ослабе утрово за 1,02 проценти, на 86,50 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 1,14 проценти, на 88,60 долари.
И на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,08 поени, додека вчера во ова време беше 98,30 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се искачи од вчерашните 158,85 на 158,95 јени.
Сепак, американската валута ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1775 долари, додека вчера во ова време беше 1,1755 долари.











