Ангажирање професионална компанија за наплата Ви носи пари, а не претставува трошок за Вашиот бизнис

55

paricki

Фото: Pixabay

Традиционално е уверувањето дека ангажирање професионална компанија за наплата претставува трошок. И точно, ако ангажирате професионална компанија во процесот на наплата на побарувањата, ќе треба да платите одредена цена за нејзината услуга, која вообичаено се пресметува како процент од тоа што професионалната компанија Ви наплатила. Да, одреден процент од наплатените побарувања… значи компанијата првично Ви ги донела парите на сметка, а од тоа што сте го добиле треба да издвоите одреден дел за неа.

И секако согласно традиционалното верување, првичниот впечаток е дека професионалната компанија Ви е трошок. Но замислете си… воопшто да ги немате сите тие пари што компанијата Ви ги донела на сметка. Или… замислете си да имате проблем со навремено подмирување на Вашите обврски кон доверителите, поради тоа што не можете благовремено да си ги наплатитите Вашите побарувања, што во крајна линија може да го загрози Вашиот редовен оперативен процес. Дали тогаш реално професионалната компанија за наплата e трошок или e фактор кој значително допринесува кон зголемување на ликвидноста на Вашата компанија?

Плаќањето мал надоместок за наплата на Вашите побарувања, не само што може да го „спаси“ Вашиот бизнис од тековни проблеми, туку може и да допринесе кон негово развивање преку ослободување на Вашите ресурси за други потреби и намени.

Наплатата на побарувања е активност која бара многу време и човечки напори. Подобро е да го насочите Вашето време и напори кон раст и развој на компанијата, отколку кон „бркање“ на Вашите клиенти кои не би си ги платиле сопствените обврски. Секој час од Ваш вработен, Вие го плаќате.  Сите пари што ги алоцирате на задачи надвор Вашиот основен бизнис не се искористени во функција на развојот на Вашиот бизнис. Тоа се пари потрошени за вработени кои наместо да унапредуваат или продаваат Вашите производи и услуги, тие „ги бркаат“ должниците.

Со отстапувањето на наплатата на професионалци, Вие го менувате приоритетот на значењето на наплатата. Наплатата, секако на Вас не Ви е, и не треба да Ви биде приоритет, но со отстапувањето на истата на професионална компанија за наплата, Вие дефакто го подигнувате нејзиниот приоритет на највисоко ниво, бидејќи наплатата е приоритена односно основна активност на професионалната компaнија за наплата.

Дури и стереотипот на верување дека со ангажирање професионална компанија за наплата, Вашите релации со Вашите клиенти ќе бидат загрозени, во модерното време на водење бизнис е надминат. Не само што не е загрозен, туку напротив, професионалната компанија има поголем углед кај корисниците, бидеќи има професионален пристап во комуникацијата со нив. Со ангажирање професионална компанија за наплата, праќате сигнал дека побарувањата ги третирате многу сериозно и дека немате намера да ги простите или отпишете. Тоа со тек на време ги дисциплинира Вашите клиенти во поглед на плаќањето на обврските, а последното пак го забрзува повратот на средствата на Вашата сметка.

„На крајот на денот“, кога ќе ги квантифицирате придобивките со ангажирање професионална компанија за наплата во однос на трошокот за нејзиниот ангажман, ангажирањето професионална компанија за наплата Ви носи пари, а не претставува трошок за Вашиот бизнис.