Српскиот просек се ближи до 1.000 евра: Просечната нето плата во Србија изнесува 988 евра

Просечната плата (бруто) пресметана за февруари годинава во Србија изнесува 160.067 динари, (1.363 евра) додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 116.127 динари,(988 евра) објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.

Медијалната нето заработка изнесува 91.399 динари, (778 евра) што значи дека 50 проценти од вработените оствариле заработка до тој износ.

Просечната нето плата во периодот јануари-февруари 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално е повисока за 11,2 проценти, а реално е повисока за 8,5 проценти, објави РЗС.